Голем пожар на депонија во Маџари, црн чад се гледа низ Скопје


Голем пожар попладнево избувна на депонија на отворено во скопската населба Маџари, а густ столб од чад се издига и е видлив од повеќе делови на градот.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека општинските инспектори веднаш излегле на терен и случајот е пријавен во Противпожарната бригада на Град Скопје.

Пожарникарските екипи во моментов работат на гасење на огнот.

Во меѓувреме, инспекторите заедно со полицијата се обидуваат да утврдат кој го потпалил ѓубрето на депонијата, информира градоначалникот.

ЦУК:Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција

 

Центарот за управување со кризи информира дека во населбата Маџари, кај црквата позади пругите, пријавено е дека лице гори кабли при што се создава густ црн чад.

Оттаму велат дека противпожарната бригада и полицијата се веќе упатени кон местото на настанот