Голем пожар кај Сплит стигна до куќите, 250 пожарникари и канадери го гасат


Голем пожар избувна вчера кај Сплит и неговата околина пренесуваат медиумите во регионот. Пожарот го гаснат околу 250 пожарникари со 71 возило, а ангажирани се и канадери.

Пожарот избувнал во понеделникот по удар на гром, а вчера во попладневните часови стигнал до куќите. Пожарникарите посочуваат дека ситуацијата е сериозна, а мирис на чад се чувствува и во Сплит, пренесуваат тамошните медиуми.

„Во Сплит ужасно мириса на изгорено и паѓа пепел“, коментира жителка на Сплит. Од „Слободна Далмација“ наведуваат дека се повеќе туристи стравуваат од ширење на пожарот ги напуштаат изнајмените апартмани. Поради големото количество чад, некои носат маски на лицето.

 

За гаснење на пожарот на отворен простор во реонот на Жрновница, покрај жителите, беа испратени и пожарникари од интервентните противпожарни бригади од Задар, Сплит и Шибеник, како и пожарникари од окрузите а биле ангажирани и Задар и Градот Загреб, истакнале вечерва од Хрватското противпожарно друштво (ХВЗ), пренесува „Вечерњи.хр“.