Голем пожар кај Александропулос, патот Егнација е затворен


На граѓаните во седум села во регионот на Еврос, североисточна Грција, денеска им беше кажано да се евакуираат во порака испратена преку бројот за итни случаи 112 поради шумски пожар што избувна претходно во текот на денот во близина на градот Александрополис, пишува Екатимерини.

Прво им беше порачано на жителите на Нипса, Етохори и Пефка да се движат кон Александрополис. Малку по 16 часот, втора порака ги повика луѓето во Лутрос, Егнација, Аристино и Дорико да заминат.

Според противпожарната служба засега нема непосредна опасност за тие населени места, но силниот ветер и чадот им отежнуваат на околните жители.

Претходно, Цивилната заштита издаде СМС предупредување до жителите на Мелиа, Нипса, Пефка и Лутрос, апелирајќи ги да останат крајно внимателни и да ги следат упатствата на властите.

Властите го затворија автопатот Егнација во двата правци до спојот на индустриската област Александрополис поради густиот чад. Сообраќајот се пренасочува по патниот правец Ферон-Александрополи, а се молат возачите и граѓаните да бидат особено внимателни и да ги почитуваат упатствата на полицијата.