Голем пад на популарноста на Емануел Макрон кај Французите


Франција – За само еден месец довербата на Французите во Претседателот Емануел Макрон падна за 6 поени, додека премиерот Жан Кастекс загуби 5 поени, јави дописникот на МИА.

Според испитувањето на институтот Кантар за неделникот Фигаро Магазин, во Емануел Макрон имаат доверба само 29 отсто од испитаниците, додека 68 немаат доверба. Премиерот Жан Кастекс ја уќива довербата на 28 отсто од Французите, додека 55 отсто немаат доверба.

Треба да се вратиме во јули 2018 година за да најдеме траги од таков ненадеен пад на довербата кај Французите во нивниот претседател на републиката. Тоа беше за време на аферата Бенала, тогаш Емануел Макрон забележа пад на неговиот рејтинг од 38 на 32 отсто. Шесте поени на доверба се загубија со враќањето на епидемијата со Ковид-19, што ја принудува извршната власт да преземе непопуларни мерки. Французите исчекувањето од нивниот шеф на на владата ги претворија во недоверба. Така Жан Кастекс, забележа пад на рејтингот на довербата за пет поени, што е на многу ниско ниво за премиер кој има поминато само три месеци на должноста.

Најзагрижувачки за извршната власт е односот на десничарските приврзаници. Составот на владата и стратешката линија на претседателот се чинеше предодреден да ги привлече, но се појавува спротивен ефект. Сега од симпатизерите на десницата во Макрон имаат доверба  само 41 отсто (-1) и 39 отсто (-11) на Кастекс.