Голем бунт против сообраќајните камери: Канада ќе ги отстранува, кај нас уште не проработеле

Пред речиси една деценија, владата на канадската покраина Онтарио одобри камери за брзина. Она што започна како проект насочен кон подобрување на безбедноста сега се соочува со сериозно противење.
Во текот на изминатите девет месеци, само градот Торонто пријави дури 800 случаи на вандализам со камери. Застапниците, од друга страна, велат дека нивното отстранување повторно би ја намалило безбедноста.
Во последната недела, најмалку 16 камери беа оштетени, а полицијата ги бара одговорните. Некои беа исечени, други беа со спреј, а некои беа погодени повеќе пати. Една камера беше оневозможена седум пати во последните десет месеци, пишува „Now Toronto“.
Нападите врз камерите доаѓаат во време кога премиерот на Онтарио, Даг Форд, изјави дека камерите треба целосно да се укинат, објавува Revijahack.
„Тие камери треба да се отстранат, сите. Тоа е само даночна аграба“, рече Форд, тврдејќи дека возачите се неправедно казнуваат затоа што возат низ населбите, одејќи 5 или 10 км/ч побрзо од просекот.
„Не е фер. Затоа сум целосно против овие радари. Истражуваме алтернативни алатки за подобрување на безбедноста во сообраќајот без користење автоматски камери за брзина кои не се ништо повеќе од грабеж на пари. Сакаме да видиме градовите како преземаат чекори за нивно отстранување“, додаде тој.
Оние кои ги поддржуваат камерите тврдат дека поентата не е во казната, туку во спасените животи. Така, Џес Спајкер од организацијата „Пријатели и семејства за безбедни улици“ рече дека „секоја камера е инсталирана со цел“ и дека „камерите спасуваат животи“.
Системот „Безбеден град“ почнува со функција на 1 јануари
Во Македонија, почнува да функционира системот „Безбеден град“ во цела држава, но за почеток ќе почне со имплементација во Скопје, Тетово и Куманово. Од 1 јануари камерите ќе функционираат и на Коридор 8 и Коридор 10, а до средината на 2026 да биде покриена целата територија на земјава.
Во тест периодот, пред системот да почне официјално да функционира од 1 јануари 2026 со што ќе почне и казнувањето, камерите го следат сообраќајот на територијата на цело Скопје, Тетово и на автопатите Скопје-Гевгелија и Скопје-Тетово.