Годишно Собрание на МАНУ на 26 март


Фото: Б. Грданоски

МАНУ известува дека годишното Собрание на највисоката интитуција кај нас  ќе се одржи на 26 март 2025 година (среда), во 12 часот, во Свечената сала на МАНУ.

Годишното собрание претходно беше закажано за 19 март, но во „во овој мачен миг на колективна тага и болка“, Академијата ја извести македонската јавност дека во знак на почит кон загинатите и прогласените денови на жалост, ги одложи сите планирани активности, како и одржувањето на редовното Годишно собрание на МАНУ.