Годишен состанок на ММФ и Светска банка од 21 до 26 октомври во Вашингтон


Годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка ќе се одржи од 21 до 26 октомври во Вашингтон.

Според прелиминарниот распоред, во понеделник, 21 октомври, меѓу другото ќе се разговара и за преносот на монетарната политика на САД, за отворањето работни места во Субсахарска Африка или за трансформацијата на мрежата за социјално осигурување, соопштија организаторите.

Презентацијата на светската економска перспектива, односно прогнозата за глобалниот економски развој во иднина, како и извештајот за глобалната финансиска стабилност е најавена за вторник, 22 октомври.

Следниот ден ќе бидат одбележани дебатите на Светска банка за поефикасна глобална помош и планови за стимулирање на економскиот раст, а директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева ќе се обрати пред новинарите во четврток, 24 октомври.

На средбата ќе се разговара и за економското зајакнување на жените, влијанието на климатските промени, проблемите на задолжените земји и актуелните економски предизвици.

„Групацијата на Светската банка има клучна улога во глобалните напори да се стави крај на екстремната сиромаштија и да се поттикне заедничкиот просперитет. Еден од начините на кои организацијата работи за да ги постигне овие цели е со поканување на граѓаните ширум светот да соработуваат за прашања како што се намалувањето на сиромаштијата, меѓународната економска развој и финансии, градење човечки капитал и зајакнување на отпорноста“, се вели на веб-страницата на организацијата.