Годинава сите политичари ќе го слават Илинден во Крушево
Според најавите од кабинетот на Пендаровски, програмата ќе почне со читање на илинденски пораки и Крушевскиот манифест. Пораките ќе ги чита актерот Никола Ристановски, потоа ќе настапи Влатко Стефановски. По нив следуваат настапите на Танец, на Албанскиот ансамбл и на Воениот оркестар.
Идејата е сите политичари да дојдат во Крушево, да нема поделби и тоа да биде симболичен чин на обединување.Според досегашната практика, претседателот на државата, претседателот на Собранието и премиерот ротираа секоја година во Крушево, во Пелинце и во Скопје.
Во Крушево на Мечкин Камен нема да има политички готовори за да би се избегнале сите оние исвиркувања и случувања кои се случувале во минатото.