Го запалил глисерот на својот брат, пожарот зафатил и зграда – уапсен охриѓанец

Денеска во 3 часот по полноќ полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.С.(52) од Охрид.
Тој се сомничи дека околу 2.33 часот во дворно место на ул.„Даме Груев“ во Охрид предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.
З.С. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото, информираа од полицијата.