Го соборија системот, еве ги последиците: Паднаа акциите на „Краудстрајк“ и на „Мајкрософт“
Акциите на компанијата за сајбер безбедност „Краудстрајк“ (Crowdstrike) паднаа за дури 21 отсто во почетокот на тргувањето, откако големиот технички проблем ги прекина услугите на авиокомпаниите, банките и компаниите за финансиски услуги, ТВ и радио станиците и супермаркетите.
За потсетување оваа компанија ја презеде одговорноста за технолошкиот неуспех.
Извршниот директор на компанијата за сајбер безбедност „Краудстрајк“, Џорџ Курц, го објави ова преку мрежата „Х“.
– „Краудстрајк“ активно работи со клиенти погодени од дефект пронајден во едно ажурирање содржина за хостовите на Виндоус. Хостовите на Мак и Линукс не се засегнати – истакна тој.
– Проблемот беше идентификуван, изолиран и решението беше „испорачано“. Ги упатуваме клиентите на порталот за поддршка за најновите ажурирања и ќе продолжиме да обезбедуваме целосни и тековни ажурирања на нашата веб-страница, додаде тој.
Акциите на „Мајкрософт паднаа за 2,8 отсто откако производителот на софтвер Виндоус пријави прекин на сите свои онлајн услуги.
Другите компании за сајбер безбедност во моментов профитираат на берзата и нивните акции се тргуваа повисоко денеска во претпазарното тргување.
Некои од значајните победници вклучуваат: SentinelOne, Palo Alto Networks, Fortinet и Cloudflare.