Глутница кучиња скитници закла овци во БиХ, сопственикот очаен, општината вели дека не е надлежна
Синоќа во Кадариќи, општина Илијаш глутница кучиња скитници нападнала големо стадо овци на локалниот жител Мујага Ханџиќ.
Инцидентот резултирал со угинување на две овци, а 16 од нив биле повредени. Дополнително, се уште не е утврден точниот број на овци кои исчезнале за време на нападот.
Професорката Селма Филиповиќ од Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Сараево, која беше на теренска лекција со студенти во околината, изрази шокираност од ситуацијата.
“Ситуацијата е страшна. Успеавме да им пружиме помош на повредените овци, шестмина од нив добија ветеринарна нега. Сепак, сè уште не сме сигурни што се случи со овците кои исчезнаа. Теренот е крајно непристапен”, изјави Филиповиќ за Klix.ba. .
Таа укажа и на опасностите од глутниците бездомни кучиња не само во овој регион, туку и низ Босна и Херцеговина. Таа ги повика надлежните институции сериозно да пристапат кон овој проблем со цел да се заштити локалното население и добитокот.
Мујага Ханџиќ претходно контактирал со општина Илијаш за проблемот со нападите од кучиња скитници врз неговото стадо, но добил одговор дека тоа не е во нивна надлежност. Сега, по оваа катастрофа, Ханџиќ истакнува дека нема кој да му ја надомести штетата, ниту пак да му обезбеди заштита на неговото стадо. Затоа најави дека можеби ќе се повлече од овчарството.
Ова предупредува на сериозни недостатоци во системот за заштита на животните и потреба од поефикасни мерки за намалување на бројот на кучињата скитници и заштита на добитокот и населението.