„Гленкор“ го продава уделот во „Руснефт“, става крај на 20 годишно партнерство
„Гленкор“ го продава својот удел во „Руснефт“, со што става крај на дведецениските инвестиции што ѝ овозможија на англо-швајцарската компанија да тргува со милиони барели нафта од оваа руска групација.
Продажбата, процес кој трае со години откако „Гленкор“ го смени врвниот менаџмент, беше објавена во декември 2021 година и ќе биде завршена во првата половина на 2022 година, бидејќи регулаторните одобренија се во тек, соопшти компанијата, пренесе Ројтерс.
Времето на продажбата, според британската агенција, „се совпаѓа со најголемите тензии меѓу Москва и Западот од крајот на Студената војна, поради што некои западни компании се обидуваат да го намалат ризикот од изложеноста на руските средства“.
„Гленкор“ не ја наведе причината за отуѓувањето на сопственичкиот удел и не го откри купувачот или вредноста на трансакцијата.

„Руснефт“, кој произведува околу 130.000 барели нафта дневно, се соочи со тежок период откако Европската унија минатата година воведе санкции против нејзиниот сопственик Михаил Гуцериев поради блиските врски со белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Санкциите создадоа проблем за извозот на нафта на „Руснефт“, при што „Гленкор“ неколку месеци ги прескокнува купувањата од рускиот партнер. „Гленкор“, се додава, му помогна на Гуцери да го подигне „Руснефт“ во првите 10 руски производители на „црно злато“ од почетокот на 2000-тите, финансирајќи го проширувањето на таа компанија во замена за правото на извоз на нафта.