Главните разлики: Кои се помалку штетните алтернативи за пушачите?

И покрај големиот број пушачи ширум светот, очигледен е падот на популарноста на класичните цигари. Имајќи го предвид сè поголемото знаење за штетните ефекти од пушењето, многу луѓе бараат начини да се ослободат од оваа навика и да го подобрат квалитетот на својот живот.
Најдобрата опција е да се престане со употреба на тутун и никотински производи, но за оние кои не сакаат да престанат, алтернативните опции што ги задоволуваат потребите за никотин, но со помалку штетни ефекти врз здравјето во споредба со традиционалните цигари, стануваат сè попопуларни и поприфатени.
Преку години истражување и иновации, развиени се нови производи кои го елиминираат процесот на согорување на тутунот, со што се избегнува производството на чад што содржи токсини и канцерогени материи, кои според истражувањата се главните причини за болести поврзани со пушењето.
Кои се алтернативите и разликите меѓу нив, прочитајте во продолжение.
Електронски цигари (е-цигари)
Вејпингот, односно користењето електронски цигари, стана едно од најраспространетите решенија за консумирање никотин без согорување. Уредите за вејпинг користат течност која се загрева и се претвора во пареа што ја вдишуваат возрасните корисници. Со тоа што содржат различни нивоа на никотин, на корисниците им е овозможено да го прилагодат своето искуство според личниот избор. Флексибилноста во однос на јачината на никотинот е една од клучните причини зошто вејпингот стана главна алтернатива за многумина. Иако се смета за помалку штетно од класичното пушење, вејпингот не е целосно без ризик. Затоа е важно да се користат производи кои се научно проверени и одговорно пласирани на пазарот.
Загреан тутун
Друга популарна алтернатива се производите што не го согоруваат тутунот, туку само го загреваат. Кај овие уреди, никотинот се ослободува од вистински тутун и се сметаат за помалку штетна опција во споредба со традиционалните цигари, токму затоа што нема горење на тутунот, што предизвикува ослободување на чад од тутун и создавање на токсични супстанции.
Снус и никотински ќесички
Најчестите орални никотински производи се снус и никотински ќесички. Снусот, кој има вековна традиција во Шведска, претставува ќесички што содржат тутун и се користат така што се ставаат под горната усна за постепено ослободување на никотин. Никотинските ќесички се понов производ кој се користи на ист начин, но тие не содржат тутун, туку само никотин. Овие производи се сè почести кај возрасните корисници, особено меѓу оние кои сакаат најдискретна форма на консумирање никотин.
Регулативата и безбедноста на производите се најзначајни за корисниците
За да се овозможи безбеден пристап на возрасните корисници до алтернативи без чад, регулативата е клучна. Во многу земји е унапредено законодавството кое се однесува на производи како е-цигари, загреан тутун и никотински вреќички, со цел заштита на јавното здравје. Во последните две-три години, околу 20 земји ги унапредија своите регулативи за да ја обезбедат заштита на корисниците и да ги намалат здравствените ризици.
Земји како Чешка и Нов Зеланд се издвојуваат затоа што ги вклучиле принципите за намалување на штетата од пушењето во нивната здравствена политика, со што покажале проактивност во примената на иновации што можат да влијаат на здравјето на нивните граѓани.
Кој производ да се избере?
Возрасните пушачи имаат потреба од пристап до различни алтернативни производи бидејќи не постои единствено решение што им одговара на сите. Регулативата игра клучна улога во овој процес бидејќи ја зајакнува информираноста, помага во идентификувањето на луѓето на кои им се потребни овие алтернативи и не сакаат да престанат да користат тутунски и никотински производи, и овозможува создавање безбедна рамка за развој на производи. Покрај тоа, регулацијата значи и заштита на корисниците, ги намалува здравствените ризици, овозможува стандардизација на квалитетот, транспарентност во составот и одговорен маркетинг, така што овие производи нема да завршат кај оние за кои не се наменети – малолетници и непушачи.
(Комерцијален текст)