Ѓорѓиевски платил казна, но  до петок ќе поднесе анкетен лист за имотната состојба


Фото: Б. Ггрданоски

Новиот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски нема поднесено анкетен лист до Антикорупциска, но тоа ќе го направи до петок.

– Во однос на казната имам една казна и таа е платена. Тоа е моја грешка. Човек сум јас како и сите други. Поради обврските во Градот не сум стигнал. До петок ќе биде поплнет анкетниот лист, а казната ми е платена. Треба секој којшто има одговорност да си постапи согласно она што е негова одговорност и да си ги сноси последиците доколку направи грешка – рече Ѓорѓиевски одговарајќи на советничко прашање на денешната седница.

– Мојата имотна состојба не е ништо поразлична од состојбата кога сум бил советник во Општина Кисела Вода и тоа со допис го имам испратено и до Антикоруциската комисија – рече Ѓорѓиевски.

Пред неколку дена, претстедателот на Антикорупциска, Адем Чучуљ, беше прашан и за анкетниот лист на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, за кого потврди дека наспроти законската обврска, сè уште ја нема пријавено имотната состојба уште кога беше градоначалник на Кисела Вода, а ниту откако беше избран за скопски градски татко.

„Пуштени му се и двата прекршочни налози и за Кисела Вода и за Град Скопје и уште е во фаза за постапка за порамнување“, рече Чучуљ, пред пет дена.(Б.Б.)