Ѓорческа во првото коло на Вимблдон против ланската финалистка Анисимова


Прегратка на мрежата: Арина Сабаленка и Аманда Анисимова (Фото: АП)

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон и трите победи во квалификациите македонската тенисерка денеска ја доби ривалката. Таа во првата рунда ќе игра против Американката Аманда Анисимова.

Американката лани беше финалистка на Вимблдон, но убедливо беше поразена од Ига Швјонтек од Полска со 2-0 во сетови (60 60). Притоа Анисимова лани беше финалистка и на УС опен.

Противничката на Ѓорческа е рангирана како шеста носителка на турнирот.