Ѓоковиќ по мечот со Синер: Ме разнесе, но некои луѓе блиски до мене ми вршат притисок за 25 гренд слем


Новак Ѓоковиќ на мечот со Јаник Синер

 

На прес-конференцијата по мечот и поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Вимблдон Новак Ѓоковиќ рече дека освојувањето на 25. гренд слем не е негова крајна цел и дека би сакал медиумите, но и некои луѓе блиски до него, да го намалат притисокот.

„Тоа не е крајната цел. Многу луѓе ме оптоваруваат, некои луѓе кои се во мојот втор круг на блискост во животот, некои во медиумите…

И јас сакам 25, но тоа не е крајната цел. Почнува малку да ме нервира, ајде да ги ставиме работите во перспектива. Како да не сум доволен за себе, како да не се доволни 24, но 25 мора да бидат. 400 недели на прво место не се доволни, но 1.000 мора да бидат. Мора да бидеме благодарни“, рече тој.

Тој даде карактеристика на мечот:

„Не знам што можев да направам поинаку. Ме разнесе, беше доминантен и многу подобар од мене на теренот. Секогаш беше чекор пред мене, ќе видиме дали ќе се вратам. Би сакал“

Италијанските новинари го прашаа Ноле дали можеше да биде поконкурентен:

„Не се согласувам! Бев, секогаш сум конкурентен, секогаш давам сѐ од себе. Можеби изгледа поинаку однадвор, но секогаш сакам да победувам, сакам да го освојам Вимблдон. Разочаран сум, но тој беше подобар од мене. Не мислам дека направив многу грешки

Неговиот прв сервис е непредвидлив, ја користи својата висина брилијантно. Ја испраќа топката длабоко во теренот. Исто така, има одличен прв удар по сервисот, што ги прави работите уште потешки“.

Ѓоковиќ е горд на мечот што го одигра против Феликс Оже-Алијасим:

„Феликс е четврти во светот. Докажав дека сè уште можам да играм на највисоко ниво. Изгубив во три сета од најдобриот на светот, тоа е реалност што морам да ја прифатам. Сепак, турнирот беше позитивен во однос на посветеноста, борбениот дух… Како играч чувствував дека играв подобро во Австралија отколку тука. Малку се мачев да ја најдам мојата најдобра игра“.

Потоа додаде:

„Минатата година стигнав до четири полуфиналиња, оваа година едно финале и едно полуфинале. За 99 проценти од играчите, тоа се многу добри резултати на Гренд слем. Добро е за мене, но не е доволно добро“.

Ѓоковиќ уште дополни:

„И благословен сум и проколнат во смисла дека секогаш се очекуваат највисоки резултати. Се борам со себе, си велам дека е одлично што сè уште можам да се натпреварувам со помладите на ова ниво, но сè уште имам највисоки очекувања од себе. Тоа е внатрешна борба.

Знаете какви очекувања имав 20 години, а сега морам да бидам малку поскромен во таа смисла. Сè уште уживам во натпреварувањето, иако повеќе не уживам во тешките недели пред големите турнири, преку таа физичка болка…

Драго ми е што моето тело добро се издржа на овој турнир, што не беше случај во минатото. Го сакам овој живот, тенисот ми даде шанса да станам тоа што сум.

Правам што сакам и затоа што сè уште можам да бидам играч од топ 5 – топ 10. Да видиме што носи иднината“.