Ѓоковиќ на US Open во сосема поинаква опрема: Најдобриот на сите времиња ги изненади сите со ново издание

Новак Ѓоковиќ ќе игра на US Open во нова опрема, во бои во кои немавме можност да го видиме претходно.
Новак Ѓоковиќ ќе има можност да атакува на нова Гренд слем титула на US Open. А, на големиот турнир, ќе имаме можност да го видиме во малку поинакво издание, на кое не сме навикнати. Српскиот тенисер ќе има различна опрема, ќе излезе на теренот во црна комбинација.
И додека Новак го поминува слободното време во Црна Гора, откриена е опремата што ќе ја носи српскиот ас, станува збор за црни шорцеви и маица, секако Новак е заштитно лице на брендот „Лакостa“. Ѓоковиќ ќе учествува на новиот Гренд слем турнир, кој ќе биде на програмата од 24 август до 7 септември.
Подготовките за турнирот траат долго, а најдобриот тенисер на сите времиња одлучи да се подготви за одговорностите што го чекаат со одмор, а не со напорни тренинзи. Затоа е во Црна Гора и го откажа учеството на големите турнири што служат како претходница на US Open , Новак се откажа од Торонто, а потоа и од Синсинати.
Сепак, не треба да има сомнеж за српскиот тенисер бидејќи обезбеди полуфинале на претходните два Гренд слем турнири, а можеби ќе го достигнеше истото ниво и на Австралија Опен, доколку повредата не го спречи во тоа. Како и да е, опремата во која ќе го видиме Србинот е сосема поинаква од онаа во која го видовме. Најчесто тоа беа сини, црвени или зелени комбинации, а овој пат ќе биде црна, но со златни детали.
😎🇺🇸🇷🇸 Novak Djokovic’s all-black outfit for the 2025 US Open has been revealed pic.twitter.com/0o5BWgc34O
— Olly Tennis 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) August 5, 2025