Ѓоковиќ купи 80 отсто од данска компанија за развој на третмани против Ковид-19


Тенисерот Новак Ѓоковиќ купи 80 отсто од данската биотехнолошка компанија QuantBioRes.

Тоа е компанија што развива медицински третмани против Ковид-19.

Ѓоковиќ купи 80 отсто од компанијата во јуни 2020 година, изјави нејзиниот извршен директор Иван Лончаревиќ, без да наведе колкава е инвестицијата.

Компанијата вработува 11 истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија, рече Лончаревиќ. Тој истакна дека Квантиорес развива терапија, а не вакцина против коронавирусот.

Компанијата развива пептид, што спречува коронавирусот да зарази човечка клетка, а во текот на летото очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија, јави Бета. 

Станува збор за фармацевтска компанија која вработува 11 истражувачи од Данска, Австралија и Словенија, објасни Лончаревиќ, нагласувајќи дека развиваат лек против Ковид, а не вакцина.
 
Според данскиот деловен регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се вистински сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственост е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто, пишува Тпортал.