Гизела Бундшен и Том Брејди се разведоа: Ги изненадија сите со својата објава
Славната двојка ја објави својата разделба преку популарната социјална мрежа само еден час еден по друг
САД– Бразилскиот супермодел Гизела Бундшен и ѕвездата на американскиот фудбал Том Брејди се разделија, објавија двајцата на Инстаграм во петокот.
„Неодамна, мојата сопруга и јас го финализиравме разводот по 13 години брак“, напиша Брејди. „Оваа одлука ја донесовме спогодбено и со благодарност за времето што го поминавме заедно“.
„Тоа е, се разбира, болно и тешко…Сепак, си посакуваме само најдобро еден на друг додека се движиме кон нови поглавја во нашите животи кои допрва треба да се напишат“.
Бундшен напиша дека се разделиле, но се чувствуваат „благословено“ за времето што го поминале заедно.
Бундшен и Брејди се во брак од 2009 година. Двојката има две деца заедно, а Брејди има и син од претходната врска.
Брејди е еден од најодликуваните играчи во Американската национална фудбалска лига (НФЛ). Тој во моментов игра за Тампа Беј Баканиерс по две децении во Њу Ингланд Патриотс. Тој е седумкратен победник на Супер Боул.