Ги Верхофштад бара целосно ембарго за рускиот гас


Поранешниот премиер на Белгија и член на Европскиот парламент, Ги Верхофштад, ужаснат од сцените од Украина и масовното ракетирање на цивилни цели, повика денес на целосно ембарго за купување на рускиот гас и за исклучување на сите руски банки, а не само одредени, од системот за финансиско плаќање СВИФТ.

Украинските политичари и медиуми секојдневно повикуваат на засилување на санкциите, откако руските олигарси користејќи го бавното донесување одлуки и разни други „дупки“ (европски пасоши и слично) почнаа да бегаат накај земји каде што санкциите не важат и имотите им се безбедни.