Германскиот автомобилски гигант планира шест фабрики за батерии во Европа до 2030 година


„Фолксваген“, вториот најголем производител на автомобили во светот, кој е среде силен пресврт кон автомобилите на батерии, објави дека планира да отвори шест фабрики во Европа до 2030 година за производство на батерии, кои ќе бидат изградени сами или во соработка со некои партнери, јави Ројтерс.
“Е-мобилноста стана основна работа за нас. Сега систематски интегрираме дополнителни процеси во синџирот на снабдување”, изјави извршниот директор на VW, Херберт Дис.

Планираните постројки ќе имаат производствен капацитет од 240 гигават часови годишно, додаде тој, нагласувајќи дека компанијата сака да обезбеди долгорочна позиција во трката за најдобра батерија и најдобро корисничко искуство во ерата на мобилност со нула емисии .

Групацијата Фолксваген најави и партнерства со Бритиш Петролеум и водечките европски компании Енел и Ибердрола за проширување на својата мрежа на станици за полнење на електрични возила.

Недостатокот на инфраструктура сè уште се смета за голема пречка за масовно прифаќање на автомобили на батерии.
-Во просек, ќе ги намалиме трошоците за системите на батерии на далеку под 100 евра за киловат час “(119 американски долари), рече членот на управниот одбор на VW, Томас Шмал, истакнувајќи дека ова конечно ќе ја направи електронската мобилност достапна и доминантна погонска технологија.

Според податоците од декември од Benchmark Mineral Intelligence, цената на мобилните батерии за електрични возила паднала во просек од 110 долари за киловат-час, пренесува Ројтерс.