Германска професорка: Не раѓајте, не нѝ се потребни нови деца!


Ни Германија повеќе не може без скандали, а последниот го предизвика 38-годишна гимназиска професорка Верена Брауншвајгер со нејзината книга – манифест „Нераѓање место бездетност“.
Брауншвајгер во својот манифест немаше „влакна на јазикот“, па без обиколување напиша „не нѝ се потребни нови деца“ затоа што нивното раѓање ќе ја загрози климатската ситуација на планетата. Токму така.
Објасни дека секоја нова „гладна уста“ значи нов тон јаглерод диоксид. И предупреди: „Наскоро нема да имаме што да дишеме. Глечерите ќе се стопат и сѐ ќе пропадне. Престанете да раѓате!