Германија се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2024/06/20240629232914_big_730x400_37.jpg)
Дортмунд – Германија стана втората селекција која се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024.
Домаќините ја победија Данска со 2:0 во осминафиналето меѓу двете селекции по прилично бурната ноќ во Дортмунд.
Таа беше таква, буквално и фигуративно.
Буквално, затоа што на средината на првото полувреме, големо невреме го преврте стадионот, поради што натпреварот беше прекинат близу 25 минути.
И фигуративно – затоа што натпреварот беше голем спектакл, со многу шанси пред двата гола, неверојатни одбрани, поништени голови и важни интервенции на ВАР.
Сепак, „панцирите“ успеаја да ја наметнат својата волја и постигнаа успех со головите на Каи Хаверц од пенал во 53. минута и Џамал Мусиала во 68. минута.
Така Германија во четвртфиналето го чека победникот од двојката Шпанија-Грузија.