Германија: Хакерите напаѓаат и портали за вакцинација
Порталите за вакцинација и производство на вакцини се повеќе се мета на кибер-криминалците, предупреди Сојузната криминалистичка служба на Германија.
Од третиот квартал минатата година, Службата регистрирала зголемен број напади на претпријатија и јавни установи кои се важни во борбата против пандемијата од корона вирусот.
Погодени се пред се портали за вакцинација и цел синџир на испорака на вакцините.
Службата забележа дека некои Даркнет платформи се обидуваат да продадат лажни вакцини.