Германија го сопира приливот на работници од Балканот


 

Поради растечкиот број невработени поради кризата од корона вирусот, владејчакта агерманска партија ЦДУ/ЦСУ има намера да ја намали понатамошната имиграција на работна сила.

Намалувањето ќе биде извршено врз основа на одлуката од 2016 година за олеснувањата за граѓаните од Западен балкан.

Работните групи на владејачката фракција се усогласија околу олеснувањата, кои истекуваат кон крајот на годината, да ги продожат за две години, но се усогласија и во врска со намалување на моќностите неквалификувана работна сила да може да ги користи, пишува „Белт ам Зонтага“.

Правилото за работниците од Западен Балкан, воведено беше пред пет години откако властите на земјите од Западен Балкан беа сместени меѓу „безбедни земји на потекло“ со цел намалување на масовната имиграција преку системот за азил.