Германците сѐ помалку работат од дома – се враќаат во канцеларија
Германците во сѐ поголем број се враќаат да работат од канцеларија и на другите работни места, а само четвртина продолжува барем делумно да работат од куќа, јави економскиот институт Ифо.
По година и пол од пандемијата корона вирусот четвртина (25,5 отсто) Германците во јули се уште работат од дома, процени Ифо. Тое е нешто помалку од јунскиот резултат од 28,4 отсто.
Институтот јави дека резултатот не е таков затоа што кон крајот на јуни истече обврската која владата им наметна на фирмите да им дозволат на своите вработени да работат од дома.
„Луѓето повторно бараат личен контакт во канцеларии“, вели економистот на Ифо, Жан-Виктор Алипур.
Работниците во услужниот сектор продолжуваат да работат од дома во голем број, а тоа е особено во медиумите, утврди Ифо.
Сепак, во тој сектор дојде до пад затоа што во јули од дома работеле 37 отсто од вработените, што е речиси на половина помалку од јуни.