Германците ја одбија компанијата која требаше да управува со Северен тек 2


Компанијата која требаше да управува со германскиот дел од гасоводот Северен тек 2, Норд стрим 2 АГ, не ги исполнува условите да биде „независен оператор за пренос“, објави во вторникот германскиот регулатор на пазарот.
Според ДВ, една компанија може да добие сертификација за управување со гасовод само „ако е организирана во правна форма според германскиот закон“, објави регулаторот на Бундеснетцагентур.

Сертификацијата останува суспендирана „до понатамошно известување“, односно додека компанијата не се усогласи со германското законодавство.