ГЕРБ и натаму водечка партија во Бугарија, ПП заостанува со 7 отсто


 

ГЕРБ и натаму е водечка политичка партија во Бугарија, а предноста пред  ПП-ДБ е 7 отсто. Исто така, се зголемува уделот на оние кои сметаат дека предвремените парламентарни избори се неопходни.

Ова се главните заклучоци од новото истражување на агенцијата „Тренд“. ГЕРБ останува прва политичка сила со поддршка од 24,9 отсто меѓу гласачите, а по неа е коалицијата „Промените продолжуваат -Демократска Бугарија“ со 18,3%. Преродба ја задржува третата позиција со поддршка од 16,1% од гласачите,  четврта е ДПС (13,4%), а петтото место останува за БСП (8,7%). ИТН исто така ја задржуваат својата позиција на работ на парламентарната бариера.

Бројот на поддржувачиза нови парламентарни избори е повисок за 6 отсто во однос на
анкетата во јули, достигнувајќи 31% овој месец. Сепак, мислењето дека тие не се
неопходни го делат речиси половина од испитаните – 47 отсто.

Мала промена има и во оценката за работата на претседателот Румен Радев. И покрај влошувањето во тонот меѓу владата и шефот на државата, позитивната оценка за работата на
претседателот е на познатите нивоа од 36%, а негативната 52%.