„Геокс“ си оди од Врање, Брнабиќ ќе бара нов инвеститор

Според српската премиерка Ана Брнабиќ, „Геокс“ има намера да си замине затоа што не може веќе да дава ниски плати. И други инвеститори ќе си заминеле затоа работната сила во Србија веќе не е толку евтина
Откако информациите дека италијанската фабрика за чевли „Геокс“ има намера да го напушти Врање, Србија, премиерката Ана Брнабиќ денеска изјави дека вработените немало да останат без работа зашто државата ќе проначла нов инвеститор.
По посетата на Пчињскиот округ Брнабиќ, како што јавуваат српските медиуми, рече дека „Геокс“ има „огромни проблеми“ кои, според неа, во голема мера се предизвикани од кризата заради пандемијата на корона вирусот, но и од фактот дека тоа е „еден од оние инвеститори каде голем дел на деловните трошоци се сведуваат на плати на работниците“.
„Тие дојдоа во Србија во 2014 година затоа што тогаш бевме дестинација која се промовираше како земја со евтина работна сила и затоа, како што растат просечните плати и минималните плати, ќе имаме проблем бидејќи трудоинтензивните инвестиции ќе се преселат во земји со пониски плати и поевтина работна сила“, нагласи Брнабиќ.
Изјавувајќи дека заминувањето на „Геокс“ сè уште не е „100 процентно потврдена информација“, премиерката рече дека, доколку тоа се случи, таков резултата се очекува не само за италијанската компанија, туку и за „повеќе други инвеститори“ во догледно време.
„Ќе имаме нови инвеститори и овие луѓе нема да останат без работа и ќе имаат подобри плати. Ако ‘Геокс’ одлучи да си замине, ние ќе бидеме таму за веднаш да го замениме со нов инвеститор. Вработенитетие нема да останат без работа“, додаде Брнабиќ.
Продавницата на „Геокс“ во Врање беше честа дестинација на македонските граѓани затоа што таму можеа да купат екслузивни чевли од познатиот производител по цени малку повисоки од прозводствените.