Гази Баба објави повик за субвенции за велосипеди
Општина Гази Баба објави јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипед за 2026 година, со цел поттикнување на граѓаните почесто да го користат велосипедот како превозно средство.
Според повикот, општината ќе субвенционира 50 проценти од цената на велосипедот, но најмногу до 4.000 денари по лице.
Право на аплицирање имаат жители на Општина Гази Баба кои досега не користеле субвенција за велосипед од општината. Повикот ќе трае од денот на објавувањето до 30 ноември 2026 година, односно до исцрпување на предвидените средства.
Апликациите се поднесуваат во архивата на општина Гази Баба.
Од општината апелираат до граѓаните да ја искористат мерката, која има за цел да придонесе за почиста животна средина и поголема употреба на еколошки превоз.
Јавниот повик може да го најдете на следниов линк.