(Галерија) Скопје за викенд е град на духови

Скопје втор викенд е со пусти улици, без граѓани и автомобили, по 16 часот се до 5 часот наутро.
Одлуката на Владата за забрана на движење за време на викендите што се применува од минатата недела е во насока за спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид 19.
Од забраната се изземени земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници.
За време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето.
Фото: Борис Грданоски





