(Галерија) На „свадба“, засега, само пред Владата


Уште една импровизирана „свадба“ со маси и столици денес беше организирана пред Владата на која угостителите регистрирани за свечености и настани, како и сопствениците и вработените во ноќните клубови побараа да им се дозволи да продолжат да работат, согласно протоколи. Тие веќе една година не смеат да ја извршуваат дејноста за која се регистрирани, заради пандемијата предизвикана со корона вирусот.  

„Не бараме да правиме традиционална свадба со голем подиум, оро и тн.  туку бараме да може да организираме свечен ручек или вечера согласно постоечките протоколи, рече на протестот Александра Трајковска.

За тоа, како што додаде, потребно е да се промени членот 12 од последниот протокол од јули лани за работењето на угостителските објекти каде што е забрането организирање секаков вид на прослави.

„Доколку во најскоро време не ни се со овозможи да работиме, ни се заканува целосен пад на оваа индустрија, губење работни места, стечајни постапки и извршители, а ќе се одрази и врз еловните паартнери“, рече таа.

Ноќните клубови бараат временска динамика за отпочнување со работа по примерот на други земји во регионот, како и посебни финајсиски мерки за оваа дејнот бидејќи се целосно затворени веќе една година.

Како што истакна Горан Арсовски во петтиот пакет мерки за поддршка на стопанството не е предвидена поддршка за рестораните што организираат настани и за ноќните клубови, кои беа затворени лани на 14 март.

До сега, како што рече добиле финансиска помош само за два месеци, по 5.000 евра по субјект која е убедливо најниска во регионот.

Инаку, денес министерот за економија Крешник Бектеши од Куманово по посетата на компаниите изјави дека поддршката за угостителите кои организираат свадбени веселби ќе продолжи, но за Владата е неприфатливо да донесе спротивни одлуки од предложените од Комисијата за заразни болести.

(Фото: Борис Грданоски)