(Галерија) Македонската мода ги собра најубавите дами од Скопје – хуманото срце и убавината се споија во „Интермецо“

Синоќа, култното скопско кафуле “Интермецо“ декориран со симболите на Ноќ на вештерките, заличи на на храм на убавината, модата, моќта и хуманото срце на славни, анонимни, богати, општествено освестени и дотерани дами кои ја прифатија поканата за кампањата „Денови за донирање“, со амбиција ова да прерасне во традиционална национална кампања за филантропија што секоја година на илјадници граѓани и компании ќе им овозможи да ја искусат радоста и моќта на здруженото донирање.

Македонските модни дизајнери изразија желба да донираат дизајнерски парчиња и со средствата да го поддржат фондот. Присутните гости под аукциската „палка“ на Огнен Јанески и водителката Ирена Спировска, се наддаваа за Prêt-À-Porter креации на дизајнерите Никола Булевски Буле, Никола Ефтимов, Лидија Георгиева, Силвија Михајловска (Алшар), Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Тања Кокев, Антонија Гугинска (Milkbrides), Наталија Терзијоска (Terziya), Симон Ендровски, Златко Јовановски (JZJ) и Катерина Тошева.

Преку наддавањето за донираните парчиња на модните дизајнери на добротворната модна аукција се собраа фантастични 211.800 ден. Присутните и дополнително донираа во донаторскиот фонд на Конект за да помогнат организации што нудат решенија за добро здравје, подобра едукација, достоинствена работа, инклузија и искоренување на сиромаштијата, но и со порачаните пијалоци.

Македонија има убави жени , гламурозни во својот екстрем, дотерани, по последна домашна и брендирана мода. Беше уживање да се видат и да се слушнат и на ваков гала-донаторски настан, кој е реткост кај нас, но има тенденција да прерасне во традиција. Статусот на гостите, од сите сфери на живеење, овој пат, соодвествуваше со презентираниот вкус и стил на облекување.
