Марија Габриел предложи влада. Дали Бугарија ќе избегне нови избори?

Наспроти сите најави во бугарските медиуми и изјавите на клучните политичари, мандатарката за новата влада, Марија Габриел (ГЕРБ) на претседателот на државата му однесе папка со имиња на министри кои треба да бидат дел од новиот кабинет согласно договорената ротација со ПП-ДБ. Имињата се напишани, но остана нејасно дали тие се договорени со Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија.
Списокот што таа го прочита речиси целосно се поклопува со неофицијално поделениот од пред некој ден. Сепак, таа предложи енергијата и одбраната да ги преземе ГЕРБ, за што ПП-ДБ не се согласува. Но, за одбрана беше номиниран Христо Гаџев, а за енергија Жечо Станков.
Таа и како премиер треба да ја задржу функцијата министер за надворешни работи. А досегашниот премиер, Николај денков, треба да биде вицепремиер за европски прашања.
Габриел пред Радев не кажа дали овој состав на влада е договорен со ПП-ДБ.
След решението на хората на Борисов все пак да предложат правителство, процедурата предвижда проектосъставът да бъде подложена на гласуване в парламента в следващите дни.
„Стојам пред вас и велам дека последните 9 месеци мислев дека можам да ги бранам интересите на Бугарија. Дека не работам лично за себе, ниту за партијата што ја претставувам. На Бугарија пред 9 месеци ѝ требаше стабилност, а во името за националниот интерес, се откажавме од мандатот“, му порача таа на Радев и најави дека за неа водечки фактори ќе останат „довербата, дијалогот во преговорите, почитувањето на институциите и законите“.
По одлуката на партијата на Борисов сепак да предложат влада, процедурата предвидува предлог-составот да биде ставен на гласање во Собранието во наредните денови. Дали ПП-ДБ ќе се согласи на „пораз“ за двата ресори каде што имаше најмногу несоагласувања останува да се види.