Фудбалски трилер во Премиер лигата: Манчестер Сити по луда игра се оддалечи од титулата
Манчестер Сити и Евертон синоќа одиграа 3:3 на стадионот „Хил Дикинсон“ во 35-то коло од Премиер лигата. Клубот од Манчестер испушти два важни бода во потерата по Арсенал и врвот на Премиер лигата. Џереми Доку му донесе водство на Сити во 43-тата минута, но пресвртот се случи во второто полувреме.
Тјерно Бери израмни во 68-мата минута по големата грешка на Марко Гуехи, а пет минути подоцна Џејк О’Брајан погоди за 2:1. Во 82-тата минута, Бери го постигна вториот гол, а минута подоцна Ерлинг Халанд намали на 3:2 со асистенција од Матео Ковачиќ. Во 97-мата минута, Џереми Доку погоди за 3:3 и спаси бод за Сити. Погледнете ги головите ТУКА.
Сити ја контролираше играта во текот на целото прво полувреме и бараше гол за да поведе, а го пронајде две минути пред паузата. Доку се постави на левата нога на работ од шеснаесетникот и со одличен удар го прокоцка Џордан Пикфорд за да им донесе водство на гостите.
Екипата на Пеп Гвардиола забави во второто полувреме, а казната дојде во 68-та минута. Гуехи му ја врати топката на Џанлуиџи Донарума, но додавањето беше премногу бавно. Бери го пресретна додавањето и постигна гол од неколку метри за резултат 1:1, за делириум на домашните навивачи и шок за Сити.
Само пет минути подоцна, дојде уште еден шок, Евертон целосно го сврти натпреварот. Џејмс Гарнер изведе корнер од левата страна, центрираше кон блиската статива, каде што О’Брајан беше највисок во скокот и го прокоцка Донарума за да им донесе водство на домашните.
Во 82-та минута, Евертон повторно ја искористи лошата одбранбена реакција и постигна гол за резултат 3:1. Бери се протна меѓу двајца дефанзивци, ја прими топката во средината на шеснаесетникот и шутираше во празната мрежа. Само минута подоцна, Ковачиќ му ја додаде топката во шеснаесетникот на Халанд, кој го намали водството на 3:2.
Кога се чинеше дека Евертон ќе ги освои сите три бода, Доку постигна гол во 97-та минута и го спаси Сити од пораз.
Ова е голема грешка за Сити, кој е пет бода зад Арсенал со натпревар помалку. Арсенал го победи Манчестер Јунајтед и сега сè држи во свои раце, а остануваат три кола.
Преостанати натпревари на Сити:
36-то коло: Манчестер Сити – Брентфорд (9 мај)
31-то коло (заостанат): Манчестер Сити – Кристал Палас (13 мај)
37-то коло: Борнмут – Манчестер Сити (19 мај)
38-то коло: Манчестер Сити – Астон Вила (24 мај)
Преостанати натпревари на Арсенал:
36-то коло: Вест Хем – Арсенал (10 мај)
37-то коло: Арсенал – Барнли (18 мај)
38-то коло: Кристал Палас – Арсенал (24 мај)