Фредериксен: Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните
Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен во врска со посетата на синот на Доналд Трамп на арктичкиот остров, откако неговиот татко предложи приклучување на територијата кон САД.
„Како што рече премиерот (на Гренланд) Муте Егеде, Гренланд не е на продажба“, изјави Фредериксен за ТВ2.
„САД се нашиот најблизок сојузник“, нагласи таа во исто време.
Доналд Трамп помладиот денеска слета на островот со приватен авион во 12:50 часот по Гринич.
„Не, нема да го купам Гренланд. Всушност ќе одам на приватна, еднодневна екскурзија во Гренланд“, рече вчера тој во својот подкаст, истакнувајќи дека неговата посета е туристичка.
Неговиот татко, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на својата платформа „Tryth Social“ на крајот на декември напиша дека е апсолутно неопходно САД да ја преземат сопственоста и контролата врз Гренланд за, како што наведе, националната безбедност и слободата ширум светот.