Францускиот министер за финансии позитивен на Ковид-19


Министерот за финансии на Франција, Бруно ле Мер изјави дека е позитивен на новиот коронавирус.

Тој на Твитер наpиша дека немал симптоми и порача дека ќе продолжи со работа од дома. Мер истакна дека ќе биде во изолација седум дена.

– Веднаш почнав да ги следам здравствените мерки што ги донесе Владата и се изолирав во домот, истакна Мер.

Минатата недела премиерот на Франција Жан Кастекс беше позитивен на Ковид-19 откако беше во контакт со позитивно лице на велосипедската трка Тур де Франс.

Во Франција вчера беа регистрирани рекордни 13.215 новозаболени со Ковид-19.