Француската одбранбена индустрија на мета на околу 50 директни странски напади до 2023 година


Француските одбранбени компании биле цел на околу 50 директни напади во 2023 година, од провални кражби до саботажи организирани од странство, соопшти синоќа француската влада.

Вкупно 80 отсто од тие напади биле насочени кон подизведувачи на големи групи за национална одбрана, предупреди францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну за време на обраќањето во Сенатот.

Околу 50 напади од физичка природа против производители на одбрана се случиле во 2022 година, односно околу 40 во 2021 година.

Лекорну ја спомена и борбата против преселувањето на чувствителните работни места во странство.

Француските пратеници усвоија закон на почетокот на јуни за зајакнување на законодавниот арсенал против странско мешање, во услови на зголемени тензии во Украина и во Појасот Газа.