Франција победи на детскиот Евросонг 2025, Македонија седма
Тбилиси – Франција е победник на 23 издание на детскиот Евросонг, а Македонија со изведбата на Нела Манческа заврши на седмото место.
Нела со песната „Чудо“ (Miracle), синоќа, го освои петото место од жирито, а во конечниот пласман каде беа и гласовите од публиката го зазема седмото место со вкупно 141 глас.„Miracle“ е авторски проект на продуцентот Лазар Цветкоски, додека текстот е потпишан од Магдалена Цветкоска (Ена-Цветкоска).
Досега најдобриот пласман на Македонија на Јуниор Евросонг е 5-тото место, а дури деветпати сме биле 12-ти.
Победникот Франција со песната „Овој свет“ (Ce Monde) освои 152 гласа од жирито и 96 од публиката.Победата на Лу во Тбилиси ја прави Франција најуспешна земја во историјата на натпреварувањето. Франција го имаше своето деби на Детскиот избор за песна на Евровизија во 2004 година и досега победи четири пати, од кои двапати последователно – во 2022 и во 2023 година.
На второ место беше Украина со вкупни 177 гласа, а третопласирана заврши Грузија која имаше 176 гласа.
На изборот, што годинава се одржа во Тбилиси, Грузија, учествуваа натпреварувачи од 18 земји.

За разлика од натпреварот за песна на Евровизија за возрасни, победникот не го добива автоматски правото да биде домаќин на натпреварот следната година, но во повеќето години победничката нација има прва опција да биде домаќин.
Изданието на Детскиот натпревар за песна на Евровизија во 2025 година се одржа во Тбилиси, Грузија, по нивната победа на натпреварот во Мадрид во 2024 година. Финалето се одржа во Олимписката палата на 13 декември, со што натпреварот се одржа во сабота втора година по ред.