Франција ќе обезбеди 100 милиони евра помош за Либан


Франција ќе обезбеди пакет помош од 100 милиони евра за поддршка на Либан, изјави денеска претседателот Емануел Макрон на меѓународна конференција во Париз.

Макрон рече дека „што поскоро е потребна огромна помош за либанското население и за стотиците илјади луѓе раселени за време на војната, како и за заедниците што ги прифаќаат бегалците“.

Во Франција денеска се одржува меѓународна конференција за Либан за да се собере воена и хуманитарна помош за земјата во која во војната меѓу Хезболах и Израел се раселија милион луѓе и загинаа над 2.500.

Организаторите се надеваат дека ќе соберат 426 милиони долари хуманитарна помош за која Обединетите нации велат дека е итно потребна.

Париз, исто така, се обидува да помогне во обновувањето на суверенитетот на Либан и да ги зајакне неговите институции.