Франција ја издаде втората зелена обврзница од седум милијарди евра
Франција ја издаде на пазарот својата втора зелена обврзница во износ од седум милијарди евра, инструмент наменет за финансирање на еколошки проекти, четири години по првото издавање од ваков тип за слична сума, јави дописникот на МИА.
Оваа нова француска „зелена обврзница“, со важност до јуни 2044 година, предизвика многу голема побарувачка од инвеститорите бидејќи понудите надминаа 34,5 милијарди евра, информација дадена од „Кредит агрикол-ЦИБ“, една од банките што ја водеа операцијата.