Франција и ЕУ интензивираат напори за привлекување научници од САД во Европа

Брисел– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска заедно со францускиот претседател Емануел Макрон ќе учествуваат на „Одберете Европа на науката“, што ќе се одржи на Универзитетот Сорбона во Париз.
Како што соопшти Европската комисија, Фон дер Лајен ќе има обраќање конференцијата при што ќе ја нагласи посветеноста на ЕУ кон изградба на Европа како центар за наука, академска слобода и истражувачки напредок и ќе ги повика научниците и истражувачите да ја „Одберат Европа“.
Покрај Фон дер Лајен, на научната конференција на Сорбона ќе учествуваат и извршен потпретседатели на Европската комисија, Стефан Сежурне и Роксана Минзату и еврокомесарката за стартапи, истражување и иновации Екатерина Захариева.