(Фото) Во ѓубрето се парите


Откако актерката Ирена Ристиќ покрена повеќе акции за расчистување на ѓубрето низ Скопје, секојдневно на официјалната Фејсбук-страница објавува интересни стории.
Последната сведочи дека во ѓубрето навистина лежат парите.
Имено, младо момче при расчистување отпад на депонијата Вардариште нашол 500 евра, односно искината банкнота од 200 и три од по сто евра.
Една учесничка во расчистувањето презела обврска парите да ги замени во народната банка во Виена, па сега го бараат момчето, кое ја заслужи наградата.