(Фото/Видео) Во поплавите во Катанија има жртви: „Бурите никогаш не биле олку силни“


 

Обилните дождови предизвикаа нови поплави на италијанскиот остров Сицилија и зедоа уште еден живот, објавија властите.

Маж бегал од водата, не успеа

Маж на возраст од 53 години се обидувал да избега на поплавата. Тој бил во возилото, излегол од него, но надојдената вода го однела. Неговот безживотно тело е пронајдено во близина, наведува АНСА.

И во неделата загина маж, а неговата сопруга се води за исчезната

Во слична трагедија, во неделата загина 67-годишен маж, на кого возилото му заглавило среде водата и калта. По неговата сопруга се трага, наведоа итните служби.

Ретка бура, налик на ураган ги поплави источните делови на Сицилија и соседна Калабрија од понеделникот.

Во Катанија под вулканот Етна делови од градот се потполно поплавени. Водата и калта навлегуваа во куќите, а прекината е и струјата.

„Никогаш бурите не биле толку силни“

Градоначалникот Салво Поглиезе напиша на Фејсбук дека бурите „никогаш не биле со толкав интензитет“.

Тој нареди затворање на сите деловни објекти од полноќ од безбедносни причини, освен аптеките и продавниците со неопходни намирници.

Жителите на Катанија не смеат да ги напуштат своите домови, напиша тој.

Италијанските налдежни служби предвидуваат дека бурата ќе продолжи и денеска.