(Фото) Розов мртовечки сандак на надувување – нов хит за летото
Има разни луѓе на светот, а меѓу нив веројатно се и оние кои би сакале да пробаат како е да се лежи во мртовечки сандак.
Токму за таквите направен е розов мртовечки сандак на надувување, по кој не мора да одите во продавница за погребна опрема.
Имено, канадските дизајнери Ендрју Гринбаум и Ијан Фелтон го дизајнираа розовиот мртовечки сандак, а оние кои ќе го купат може летово да го користат на плажа како душек или гумен чамец.
Ендрју и Ијан велат дека својата смисла за хумор ја претвориле во забавен производ или бизарен.
Цената на розовиот „сандак“, за кој на интерент веќе има голем интерес, изнесува 80 евра.
https://www.instagram.com/p/BwviJq1hyba/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BlGmAP7hQH-/?utm_source=ig_embed