(Фото) Од снегот паднаа дрвја и оштетија автомобили во Битола

БИТОЛА – Од тежината на снегот дрвја паднаа врз паркирани автомобили во Битола на ул, Димче Лахчански” и во центарот на градот кај Зелениот пазар.
Паднатите дрвја направиле штета врз паркираните автомобили. На лице место екипи на ЈКП Комуналец Битола ги отстрануваат паднатите дрвја.
Од денеска попладнето врне снег во Битола, а снегот е значително влажен и тежок. Снежната покривка е над десетина сантиметри. (А.Б).