(Фото) Ние сме семејство: Модели-мајки во „Вог“

САД– Заедницата неодамна беше главен збор на модата. Сега самоизолацијата го насочи фокусот на вниманието врз семејствата. На денот на мајката,„Вог“ се навраќа на некои од моделите -мајки кои се фотографирани со своите деца за престижниот магазин, низ годините.

Некои од овие деца, кои за прв пат се појавија во списанието, сега се ѕвезди како мајките. Одат на писти, или позираат за фотосесии. Еве, некои исклучително фотогенични семејни портрети кои се појавија во „Вог“.















