(Фото) Најлошо облечени ѕвезди на MTV Video Music Awards
САД- На црвениот килим на MTV Video Music Awards во Њу Џерси продефилираа музичките ѕвезди, но и манекенките, во креации од славните модни дизајнери.

Ѕвезда на вечерта беше Тејлор Свифт која привлече најголемо внимание на црвениот килим, со креација на Версаче, а најмногу се зборувало за креациите на Алисон Бри и Адријана Лима.

Поп-sвездата Тејлор Свифт ја освои наградата на „MTV Video Music Awards“ (MTV VMA) во најпрестижната номинација за видео на годината. Свифт (29) ја освои наградата за песната „You need To Calm Down“.






