(Фото) Место знамиња, во дворот на косовската влада се веат ќебиња
Активисти на Социјалдемократската партија на Косово ги симнаа знамињата од дворот на Владата, и ги заменија со ќебиња.
Батанија (ќебе), како што се наведува, стана вирален збор на Косово, откако премиерот Албин Курти рече дека така се грее во текот на овие студени денови без струја
Социјалдемократската партија соопшти дека владата на Курти може да се подели на неколку фази, почнувајќи од кризата со цените на струјата и кризата со цените на основните живтни намирници.
Тие нагласија дека се работи за акција организирана поради енергетската криза низ која поминува земјата.
Портпаролката на партијата Натира Кучи изјави дека поставените ќебиња се симбол на предавството на владата на Курсти пред енергетските проблеми.
„ИМаме премиер кој не упатува дека начинот да се заштитиме од студеното време е ќебето. Имаме министер кој ги обвинува луѓето кои користат струја за свои погодности“, нагласи Кучи.