(Фото) Безос се врати од вселената
Пред неколку минути милијардерот Џеф Безос успеа со „Блу ориџин“ да полета во вселената. Каплсуата се одвои од носачот и ја достигнаа максималната височина, односно ја поминаа границата на вселетана.
Носачот безбедно се врати на земјата, а по неколку минути и капсулата со четворицата патници безбедно слета на површината.
Слетувањето по првиот лет со човечки екипаж на Блу ориџин“, мина без никакви проблеми.
Летот до Вселената траеше 11 минути. Меѓу астронаутите е и братот на Џеф, Марк Безос, а посадата ја сочинуваа и американската авијатичарска ветеранка Воли Фанк (82) како и 18-годишниот Оливер Дајмен од Холандија.
– Ова е најдобриот ден досега – изјави Безос откако по десет минути се спуштија на Земјата со помош на падобрани.
Погледнете ги фотографиите: